Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди денес дека во следните две недели, унгарскиот здравствен систем ќе биде под притисок, каков што немало од почетокот на пандемијата.
„Имам само лоши вести. Пред нас се двете најтешки недели од почетокот на пандемијата. Бројот на заразени расте рапидно и ќе продолжи да расте како резултат на новите мутации на вирусот“, рече Орбан во видео пораката на својот Фејсбук, пренесува Ројтерс.
Унгарија го продолжи делумното затворање до 15 март, бидејќи се очекува зголемување на бројот на новозаболени.
Во Унгарија, во последните 24 часа се регистрирани 4.385 нови случаи, а други 120 пациенти починале.