Седум лица загинаа, а 13 се ранети во Југоисточна Турција откако експлодира рачно изработена бомба поставена на пат, при преминување возило со локални жители.
Како што пренесуваат турските медиуми, нападот бил извршен синоќа во општината Кулп, во југоисточната турска област Дијарбекир.
Првично беше соопштено за четворица убиени и 13 ранети.
Се претпоставува дека експлозивот го поставиле борците на Курдистанската работничка партија (ПКК).