Баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

– Болницата „Ал Ахли“ е вон функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на неколку припадници на медицински персонал, се вели во соопштението, пренесува Си-Ен-Ен.

Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа. Во моментов, само 11 од 36 болници делумно функционираат во Појасот Газа.

Фото: ЕПА