И денеска има повеќе дојави за поставени бомби во повеќе објекти и институции во Скопје.
Освен во трговски центри, хотел, спортски центар, дојава за бомба има стигнато и на скопскиот аеродром, објави порталот Курир.
Поради тоа, сите летови се откажани. Во тек е итна евакуација на вработените и патниците.
Според неофицијалните информации со кои располага Курир, дојави за бомби утринава пристигнале на електронската адреса на скопскиот аеродром, ТЦ Ист гејт, ФФМ, хотелот „Александар Палас“ и СЦ „Борис Трајковски“.
Од МВР за порталот одговориле дека наскоро ќе излезат со официјални информации за овие пријави.
Поради дојава за бомба се откажа конференцијата на СКМ во хотелот Александар Палас
Поради најава за поставена бомба годишната конференција на Стопанската комора на Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа, објави МИА.
На настанот во рамки на конференцијата требаше да се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Претходно серија дојави за наводно поставени бомби имаше во повеќе училиштата, институции и трговски центри низ државава.
Ова е прв случај за најава на поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.
Дојави за бомби во Александар Палас, аеродромот и во Ист гејт мол
Дојави за бомби утрово биле испратени до хотелот „Александар Палас“, Меѓународниот аеродром – Скопје и „Ист гејт мол“.
Од „Александар Палас“ се авакуираат гостите и вработените. Откажана е и денешната годишната конференција на Стопанската комора на Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.
Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.
Се евакуираат патниците и вработените и на Скопскиот аеродром. Откажани се сите летови и повикана полицијата да изврши проверка.
Привремено е затворен и се вршат проверки и во „Ист гејт мол“.
Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.
Дојави за бомби во 10 скопски и пет битолски училишта, ФФМ, „Мериот“, сала „Борис Трајковски“, „Александар Палас“, Скопскиот аеродром и „Ист гејт мол“
На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР за МИА.
Дојава за бомба пристигнала и до средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, од каде се евакуираат учениците.
Дојави за поставени бомби, како што објави градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, има во училиштата „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
– Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаеви. Досега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар. Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се превземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации. Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња, напиша Стефковски.
Поради дојавата за поставена бомба во хотелот „Александар палас“, откажана е денешната годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.
Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.
Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.