За време на на неделната служба во катедрала во јужниот дел на Филипини бомбаш-самоубиец извршил двоен напад, при што најмалку 19 лица загинале, а околу 48 се повредени.

Биле активирани две експлозивни направи, една во близина на катедралата Јоло, а другата на влезот од објектот.

Меѓу жртвите има цивили и војници. Засега никој не презеде одговорност за нападот.