Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи го коментираше инцидентот со расистички навреди кон напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. За време на дуелот со Каљари, домашните навивачи емитираа извици на мајмуни.
– Мислам дека ова не се случува само во Италија. Видовме такви епизоди во другите европски лиги. Мислам дека би било погрешно да се посочи некого со прст, но расизмот е чума што треба да се искорени, изјави Бонучи.
За инцидентот Италијанската фудбалска федерација покрена истрага и најверојатно ќе го казни Каљари.