„Се чувме со Марко!
Утре почнуваме!
А вие продолжете да донирате за да може што поскоро да замине за Франција и да ни се врати здрав и жив за да ја продолжиме приказната и за некоја година на свадба да му играме!“

Ова е објавата на Маја Платнар по апелите за помош на 25 годишниот Марко кој има рак на линфните жлезди во четврти стадиум и кој бара помош за да отпатува на лекување в Франција.
Тоа значи дека од утре тој ќе биде под режим на термички необранотена храна во бистрото ЗдравоЖиво што би требало да му помогне на неговиот организам во борбата со болеста.