Нема планови за воведување задолжителни тестови за Ковид за посетителите од Кина, изјави портпаролот на Владата на Велика Британија.

САД им се придружија на Италија, Индија, Тајван, Јужна Кореја, Малезија и Јапонија во објавувањето на нови мерки откако ненадејниот крај на политиката на Пекинг за нулта Ковид предизвика пораст на бројот на новозаразени.

– Нема планови за повторно воведување на тестирање за Ковид-19 или дополнителни барања за пристигнувања во државата, потенцираше портпаролот.

Тој додаде дека Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA) ќе продолжи внимателно да го следи ширење на варијантите и да ги прегледува достапните меѓународни податоци.

Во САД, почнувајќи од 5 јануари, од сите патници од Кина ќе се бара да направат тест за Ковид-19 не повеќе од два дена пред патувањето и да имаат негативен тест пред да се качат на нивниот лет. Тестирањето се однесува на сите постари од две години.

Италија е досега единствената земја во Европа и членка на ЕУ што ги воведе новите правила за Ковид-19.

Според Би-Би-Си, Европската комисија соопшти дека нејзиниот комитет за здравствена безбедност ќе се состане в четврток за да разговара за „можните мерки за координиран пристап на ЕУ“ за ситуацијата со Ковид во Кина.