Данска е „отворена“ за обезбедување борбени авиони на Украина за да ги поддржи нејзините воени напори против руската инвазија, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен, јави телевизијата „Де Ер“.

„Не би исклучил дека во одреден момент можеби ќе треба да ја разгледаме можноста за обезбедување борбени авиони“, рече вршителот на должноста министер за одбрана.

Данските воздухопловни сили купиле 77 ловци Ф-16 од 1970 година. Околу 30 од нив моментално се во функција, објавија локалните медиуми. Оваа година Украина побара од своите западни сојузници понапредно оружје, вклучително и борбени авиони.

Западните земји кои и дадоа оружје на Украина досега одбиваа да испратат борбени авиони или оружје со долг дострел што може да нападне длабоко на руска територија.