Европската Унија со внимание ги следи случувањата во Нагорно-Карабах и изразува целосна солидарност со Ерменците од Карабах, кои се соочија со големи тешкотии, поради повеќемесечната блокадата на Лачинскиот коридор што доведе до недостиг од храна и лекови и поради повеќекратни пречки во испораката на гас и струја, изјави високиот претстаник на ЕУ за наворешни работи, Жосеп Борел во обраќање пред Советот за безбедност на ОН.
– Азербејџан сноси одговорност да обезбеди целосно почитување на правата и безбедноста на Ерменците од Карабах и ЕУ постојано јасно става до знаење дека употребата на сила за решавање на споровите не е прифатлива, порача Борел на седницата на Советот во Њујорк, посветена на најновиот развој на настаните во Нагорно-Карабах.
Тој нагласи дека ЕУ ја осуди воената операција на Азербејџан во регионот, изрази жалење за жртвите од оваа ескалација. и очекуваме прекин на непријателствата и секаков вид насилство.
– На локалното население итно му е потребна хуманитарна помош, а му требаат и гаранции дека ќе се почитуваат нивните права и безбедност. Затоа, бараме од Азербејџан да преземе конкретни мерки во тој правец. Да се обезбеди непречен хуманитарен пристап до цивилното население, вклучително и преку целосно повторно отворање на Лачинскиот коридорот, истакна Борел, додавајќи дека ЕУ и нејзините земји членки се подготвени да обезбедат итна хуманитарна помош, а Европската комисија го најави првиот пакет хуманитарна поддршка.
Според Борел, Азербејџан мора да се вклучи во сеопфатен и транспарентен дијалог со Ерменците од Карабах за да се обезбедат нивните права и безбедност, вклучително и нивното право достоинствено да живеат во своите домови.
– Дозволете ми да бидам јасен. ЕУ целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет и на Азербејџан и на Ерменија и очекува сите актери да го сторат истото. Го повикуваме Азербејџан да ја потврди својата недвосмислена посветеност на територијалниот интегритет на Ерменија и да се согласи на разграничување на нивната меѓусебна граница, во согласност со словото и духот на Декларацијата од Алмати од 1991 година, рече Борел.
Тој нагласи и дека ЕУ повикува на продолжување на преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан за сите нерешени прашања, со цел двете земји да склучат мировен договор.
– Остануваме посветени да продолжиме да го олеснуваме дијалогот меѓу сите страни со цел да се обезбеди сеопфатен, одржлив мир во корист на сите луѓе во регионот, додде Борел во обраќањето.