Косово и Србија мора да ја деескалираат тензичната ситуација во регионот, изјави денеска шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел откако српските демонстранти во северно Косово вчера втор ден ги блокираа главните патишта.
– Знам дека двата дела се подготвени за деескалација и силно ги повикувам да го сторат тоа. Тие мора да се вратат на дијалогот, мора да ја надминат оваа тенденција за немири на улици, изјави Борел по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.