Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа е примен во болница, откако и по десет дена од појавата, симптомите не престануваат.

„По лекарски совет, премирот вечерва е примен во болница за испитувања“, соопшти Даунинг стрит.

Во соопштението се наведува дека не станува збор за итен случај, туку за мерка на претпазливост.

Џонсон е првиот премиер на една земја кој е заразен од вирусот. На 27 март тој се повлече во самоизолација.

Неговата бремена вереница Кари Сајмондс објави дека поминала седум дена во кревет со симптоми, но дека сега се чувствува посилно и подобро.