Борис Стојменов, прв министер за финансии во Владата на „бизнисменот“ Љупчо Георгиевски, татко на Емил Стојменов, сопственик на Канал 5 ТВ, обвини дека Општина Центар му бара еден милон евра мито за да продолжи да гради.
Тој ова го изјави за ТВ21 по инцидентот што се случил утрово на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“. Инспектори заедно со полицијата интервенирале на градилиштето за да ја стопираат градбата на објектот.
Тој за телевизијата посочил дека за хотелот има документи и обвини дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.
Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито – порача Стојменов.
Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ на Фејсбук информира дека инвеститорот не поседува одобрение за градење.
Борис Стојменов е татко на Емил Стојменов, сопственикот на Канал 5 ТВ која неодамна, во контекст на изборите, од ОБСЕ беше посочена како телевизија која го фаворизирала СДСМ.
Саша Богдановиќ е градоначалник од редовите на СДСМ.