Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов денеска во изјава за медиумите, во врска со тензиите меѓу Софија и Скопје, посочи дека Македонија постапила „одвратно кон претседателот и министрите“.
Како што вели Борисов, тие се сретнале со нив најдобронамерно.
– Очигледно, пријателските средби со овие луѓе (челниците на Македонија), дури и поврзани со операта, не треба да се одржуваат надвор од службеното место – каде што е снимено“, вели Борисов мислејќи на средбата меѓу Румен Радев и Гордана Сиљановска-Давкова минатата недела во Софија и острата реакција на Скопје поради немањето македонско знаме на средбата.
Борисов вели дека на лидерите во Македонија не им се јасни протоколарните работи и побара оставка од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.
– Точно е дека лидерите на РСМ од неодамна се во влада и не им се јасни протоколарните работи, немаат искуство. Но јазикот што го користат има само еден изговор – оставка на овој министер. Ако не го сторат тоа, ниту претседателот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се видат или да разговараат со нив (членовите на македонската Влада). Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, надвор од официјалните“, вели Борисов.
Лидерот на ГЕРБ додаде дека неговата партија ќе ги запознае во ЕПП во врска со овој случај.
Фото: БГНЕС