Со претседателот Румен Радев немаме никакви заеднички точки, освен бесмислените консултативни совети, каде никогаш ништо не се реши. Претседателот всушност ќе ми ја олесни работата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако во обраќањето кон нацијата шефот на државата кажа дека ја изгубил довербата во владата, пренесе БГНЕС.
-Како Радев ќе узгуби нешто што го нема? Тоа е директно мешање во независноста на властите. Точно тоа што секогаш го зборувал, додаде Борисов.
„Од каде правото на таков начин да го коментира владеењето на неколку политички партии, што чесно победија на избори. Тој е малку чуден, смета премиерот и соопшти дека истовремено претседателот испратил писмо за да ги бара услугите на министерот за економија.
-Уште во декември кажав дека тој за мене не е претседател, туку разединувач на нацијата. Тој го зборува тоа што БСП и ДПС го кажуваат, рече Борисов и посочи дека однесувањето на Радев не е државничко.
Според Борисов, партијата на Радев цели 70 години не заменила ниту еден водовод. Кога станав градоначалник на Софија тие градот го имаа прекриено со отпад и што уште не, продолжи Борисов и забележа дека во последните 20 години секогаш бил на услуга на народот. Така што жалам дека попуштил со нервите. Неговиот проблем не е со владата, туку со другите институции, подвлече премиерот.
Запрашан за тоа дали наоѓа директна врска меѓу снимките што ги лиферува обвинителството и изгубената доверба од страна на претседателот, Борисов изјави: Опасно е да го напаѓаш обвинителството и затоа си бараш друг непријател. Уште во декември јас ја изгубив довербата во претседателот, изјави Борисов.
Бугарскиот премиер пред медиумите повторно кажа дека никогаш не зборувал дека ќе се кандидира за претседател.
-Ќе си го истуркам мандатот и ќе се занимавам со партијата, рече тој.