Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на COVID-19. Чувствувам малаксаност, во моментот, по проценка на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека заедно ќе се справиме“, напиша Борисов.
Въпреки че РЗИ официално ми свали карантината, още в петък отложих всички срещи и публични прояви за предстоящите дни….
Posted by Boyko Borissov on Sunday, 25 October 2020