Бугарскиот екс премиер Бојко Борисов говори за руско влијание во Македонија.
Тој вели дека не треба да бидеме заведени и дека случајот со Христијан Пендиков е обид за враќање на руското влијание во Македонија. Борисов вели дека за Бугарија е најдобро, Македонија да влезе во ЕУ.
Неодамна Борисов се сретна и со мајката на Пендиков која беше во посета во Софија.
Бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Милков рече дека Пендиков засега нема да се врати во Македонија поради тоа што имал закани.
Пендиков беше повреден во тепачка, по што бугарските власти испратија специјален авион со кој од Охрид беше пренесен на лекување во Софија. Тој е секретар на бугарскиот клуб во Охрид.