Пред пет години, премиерот Зоран Заев и јас покажавме храброст и одговорност за иднината потпишувајќи го Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, објави лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, на својот профил на Фејсбук.

– Денес можеме да кажеме дека и Бугарија и РС Македонија имаа корист од тоа. Скопје е во НАТО и преговара за ЕУ, а имаме сосед кој се обврза да ги почитува европските вредности: заштита на сите свои граѓани, запирање дискриминација на Бугарите и отворање на економски и културни контакти. ГЕРБ пред неколку дена уште еднаш покажа колку одговорно се однесуваат политичарите – го поддржавме почетокот на преговорите меѓу РСМ и ЕУ. Нашата поддршка за нашите соседи ќе продолжи, без разлика на тоа дали сме на власт или во опозиција, затоа што патот е вистинскиот, објави Борисов.

Тој и премиерот Заев имаа чести и срдечни средби од кои ним останаа спомени, а проблеми за македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Од овие срдечни средби никаква полза немаа ни Македонците во Бугарија, односно во Пиринска Македонија, каде и покрај многуте пресуди од Евроспкиот суд за човекови права, до денес ниту една не е извршена.