Новинарот на бившите ТВ А1 на Велија Рамковски, на 1 ТВ на Бојан Јовановски – Боки13 и на други медиуми, Борјан Јовановски „знае се за македонскиот револуционер Гоце Делчев“. Така е барем на социјалните мрежи.

– Гоце би сакал коските да му ги однесат во некоја пристојна земја членка на ЕУ каде што светот навистина се разбира како поле за културен натпревар, објави Јовановски на Твитер.

Е, па, Борјане, да му ги преселиме коските на Гоцета во Брисел, друго чаре нема! Зашто во Стразбур не е пожелно, бидејќи таму е Европскиот суд за човекови права, чии пресуди или одлуки, за правата на Македонците во Пиринска Македонија, Бугарија не ги спроведува. Ако има попристојно место од таму, ете го Твитер, твитни каде да почиваат коските на Делчев кој оставил завет да почива во главниот град на независна Македонија.

Инаку, да не биде дека објавуваме дезинформации и да имаме проблеми со вистиномерите, Борјан е стар скопјанец, со потекло од Брајчино од Преспа.