Од планина ги слегоа, во одела, лаковани кондури и кравати ги облекоа, а нашите македонски предавници за да останат на власт им дадоа се што побараа, реагираат граѓани на социјалните мрежи со видео на кое се гледа слегување на лидерот на ДУИ, Али Ахмети од мерцедес.

– Ние за нивна придобивка станавме малцинство во сопствената држава и со определена употреба на нашиот јазик. Се возат во мерцедеси, ја опљачкаа државата, дивеат со криминал и уште ти се прават газди иако се накитени со туѓи перја. Парола имаат „Тенќју Ју-Ес-Еј“, се вели во коментарот на Фејсбук на профилот Луксузи.

На видео е прикажано излегувањето на Ахмети од мерцедес и неговиот чекор во лакирани чевли, додека по него притрчуваа обезбедувањето да му ги исчисти „прашинките“ од ногавиците на панталоните од костумот.

Инаку Али Ахмети е и почесен доктор на науки на Државниот универзитет во Тетово.

Видеото може да го отворите ТУКА.