Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски ја објави својата најнова песна и спот „Љубовна рапсодија“. Неговиот префинет стил и боемски шарм се одлика на спотот кој несомнено ќе ви украде воздишка и ќе ви ги разбуди сите сетила.

Ритамот што возбудува го аранжираше Сашко Николовски, а текстот кој умее да комуницира со публиката го напиша Сара Пројковска, која воедно ја слушаме и како придружен вокал. Целата елеганција во оваа филмска видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц, како режисер и видео продуцент, а постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“.

Мелодијата за „Љубовна рапсодија“ ја изведува извонреден тим од музичари на саксофон, флејта, труба, гитара, клавијатури, тромбон, контрабас, тапани и перкусии кои создаваат хармоничен музички баланс во боса нова стил, стилот по кој е препознатлив Камилоски.

Павле лани во декември на неговиот предновогодишен концерт го промовираше својот прв авторски сингл „Такт по такт“. Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, тој се истакнува како изведувач на безвременските Џез песни кои се дел од неговиот музички печат.