Локалниот босански функционер Драган Васиљ , поднесе оставка на функцијата откако на социјалните мрежис е појави видео како претепува жена на паркинг.
Функционерот , кој бил снимен од безбедносната камера на паркинг како ја тепа жената , се обидел да објасни што се случило.
,, Не сакам да се првадам , зашто нема оправдание , но сакам да се знае вистината. Таа жена веќе пет дена се паркира покрај пансионот и така што другите возила мора да се провлекуваат за да поминат. Не може да влезат ниту минибуси , ниту колата на Итната помош , која требаше да однесе сосед во болница.” , напиша функционерот на Фејсбук.
Жената му покажала среден прст и тогаш збеснал и не можел да се контролира. Почнал да ја тепа жената , иако и таа се бранела и му удрила шлаканица. Тој има траги од насилство на лицето , така што , откако жената му поднела кривична пријава, и тој ќе го направел истото.