Германската владејачка коалиција очекува нова катастрофа на регионалните избори

/ 25.10.2018

Владејачката коалиција во Германија се подготвува за уште една изборна катастрофа во пресрет на регионалните избори во Хесен.

Според германските медиуми , предизборните анкети сугерираат дека гласачите ќе ја казнат ослабената коалиција предводена од партијата на канцеларката Ангела Меркел. Во анкетите освен партијата ЦДУ на Меркел , пад има и СПД , коалицискиот партнер од опозицијата. Двете партии сега се обидуваат да си ги подобран позициите , со оглед на претрпениот пораз во Баварија минатата недела.

Регионот Хесен е важен , поради тоа што во него се наоѓа финансискиот центар Франкфурт. Во последните 20 години во овој регион победуваа коалициите предводени од ЦДУ . Но , според анкетите сегашната поддршка за партијата на Меркел е само 26 проценти , што е пад од 12 проценти во однос на периодот од 2013 до 2018.

Доколку не освои доволен број гласови , тоа би значело пад на регионалната влада , со која со децении раководат премиери од редовите на партијата на Меркел.

Таа се обидува да го намали значењето на овие избори со изјавата ,, Не можеме од секои регионални избори да правиме мали национални избори. Тоа е погрешно. Има многу други нешта за граѓаните на Хесен.”

Според анализите во германските медиуми , доколку Меркел ги изгуби изборите во Хесен , коалицискиот партнер , Социјалдемократската партија би излегла од коалицијата , со што би се направил пат за распишување предвремени парламентарни избори.

За разлика од падот на поддршката за двете големи партии , националистичката десничарска АфД е во подем со 13 проценти поддршка во Хесен , со што за прв пат во регионалниот парламент ќе влезат ултрадесничари.


Од истата категорија