Најмалку пет деца на училишна возраст загинаа денеска во Јордан, а 16 се водат за исчезнати, во поплавите што го погодија градот во близина на Мртвото Море, каде околу 40 деца заедно со наставниците биле на излет, соопштија извори од цивилната одбрана.

Во тек е сеопфатна операција за спасување.

Спасувачките екипи спасиле 11 лица, од кои некои се во сериозна здравствена состојба, информираат неименувани извори.

Агенцијата ДПА јавува дека најмалку 17 лица загинаа, а 34 се повредени во поплавите. Меѓу загинатите, според агенцијата, се најмалку 16 деца на училишна возраст, кои биле дел од група од околу 40 деца, кои биле на излет во таа област.

Службата за цивилна одбрана соопшти дека допсега се пронајдени 17 тела, а спасувачката операција продолжува. Во акцијата се вклучени и хеликоптери.