Не постојат конфликти или судири во Владата како што пишуваат медиумите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како функционира владината коалиција по различните изјави на премиерот и вицепремиерот за европски прашања во однос на Законот за јазиците.
– Во основа не постојат некои конфликти или судири како што пишуваат медиумите. Вчера имавме владина седница на која работите функционираат редовно и тековно. Како некој толкува одредени изјави, тоа сепак е во рамки на слободата на израз. Во секој случај, работата на Владата како институција е тековно и немаме никакви проблеми, истакна Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.