Комесарот во германската влада за прашања на интеграцијата, Анет Видман-Мауз (ЦДУ) се најде на удар на критики на јавноста и партијата поради тоа што на својата божиќна честитка избегнала споменување на Божик.
– Мислам дека се подразбира само по себе дека за Божик честитате Божик, а не да испраќате некакви божиќни поздрави или било што друго, изјави Армин Лашет, член на претседателството на ЦДУ. Тој до неодамна беше министер за интеграции на најбројната германска сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија.
Видман-Мауз испрати честитка во која пишува: „Без оглед на тоа во што верувате, Ви посакуваме мирни празници и добар старт на Новата година“.
Избегнување на споменувањето на Божик предизвика негативни реакции во јавноста и кај политичарите од муслиманско потекло кои зборуваа за „погрешно разбрана толеранција“.