Игор БОЖИНОВСКИ
Неколку дена напади и одбрани…
Болката за Славјанка требаше да ви биде иста како “болката” што ја имавте за Елена Доцевска Божиновска, за Гордана Јанкулоска, за Жаклина Пешевска, за проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, за гордата Рашела Мизрахи, ама ете не ви е, како впрочем и се останато што ви е со двојни, па и тројни аршини, од политиката, судството, борбата со корупција, борба со сексизам …
Кога Елена беше во притвор имаше секакви коментари:
– “Да даде Бог да излезе кога децата ќе и слават матура” (децата беа 1 и 2 години)
– “Терористка”
– “Нека одмори во затвор подолго”
– “Што има врска ќе си направи друго дете” …
Тогаш ве немаше никаде да бекнете, да осудите таков напад и недолична реторика.
За однесувањето на поединци од СВР на МВР, однесувањето во Шутка, судството и обвинителството не сакам ни да спомнувам, но важно вие бевте глуви и неми ‘другари’, за сега да е збунувачка вашата загриженост и гласност на истата тема.
Малкумина тогаш имаа храброст да ја кажат вистината за Елена.
Ако тогаш бевте гласни, сега ќе го разберев вашиот револт.
Ама вие останавте неми за сите споменати жени, жртви на политичка тортура, вербална и институционална.