Нема поента да говориме околу можните исходи за градоначалник на град Скопје затоа што толку е висока предноста на првиот кандидат пред вториот, јас барем не гледам никаква можност или некаков можен исход каде што вториот би успеал да ја достигне онаа од околу 60 илјади разлика, говориме за Скопје, значи на ниво на Македонија 60 илјади разлика е огромна бројка, а не на ниво на град Скопје. Ирелеванто е да говориме за тоа кои се можните исходи за градоначалник за Скопје. Можеме да говориме за други општини, но за Скопје генерално е решено, изјави во гостувањето во „НАТКАСТ“ со Љупчо Цветановски универзитетскиот професор и политиколог Владимир Божиновски.

Излезеноста на локални избори е скогаш помала вели Божиновски.

-Секоја политичка партија се обидува да создаде некако наратив што ќе им оди во прилог, тоа е работа на политичките партии. Ние како јавност треба да оцениме што од тоа држи вода. На повеќе пати пред изборите говорев, базирано на претходните искуства дека излезноста на локални избори е секогаш помала така и беше, од 46% до 49% и беше 48% финалната излезност. Тоа е во рамките на очекувањата, затоа што на парламентарните беше околу 52%, според избирачки список, а реалната беше многу поголема може околу 65-70%, во засвоисност од тоа какви се процените на движење на населението во државата, тоа е првата причина,појасни тој и додаде:

„Втората причина е тоа се локални избори, се појавуваат многу независни, могу регионални кандидати кои што генерално ги нема не се натпреваруваат на парламентарни избори што е и разбирливо. Гласовите на партиите доаѓаат од граѓаните кои што излегуваат да гласаат. Имате луѓе што гласаат за локални кандидати, за независни листи какви што има осовено во Карпош, Центар, Битола, во Куманово мислам дека независен влезе во втор круг, во битола доколку имаше втор круг ќе влезеше незавиосна кандидатка , во Центар исто многу добро помина независната кандидатка како и во Карпош исто така беше добро, така да тие гласови доаѓаат од негде, тие не се нови гласови. Тие гласови за парламентарни избори генерално гласаат за некои од политичките партии. Не може да очекувате при намалена излезност и при голем број на независни кандидати кои што црпат значаен дел од гласовите дека ќе има на локални избори одредена партија ќе има исто или повеќе од парламентарните“.
На изборите имаме неспорен победник, независните гласови во еден изборен циклус може да се инклинираат кон една опција, друг кон друга, трет изборен циклус кон трета опција вели универзитетскиот професор Божиновски.

-Бидејќи сите партии имаа помалку гласови, сега некоја имала -20%, некоја имала -15, некоја имала -25%, тоа не е толку важно затоа во случајов може, но и често пати немора да даде некаков сигнал затоа што оние кои што инклинираат да гласаат по независни кандидати во еден изборен циклус можеби се наклонети кон една опци, во друг изборен циклус наклонети кон друга опција, во трњет изборен циклус можеби се наклонети кон трета опција, сега генерално претпоставката е дека би требало да има некаква симетрична дистрибуција на тие гласови од сите партии, но не е така. Самата претпоставка дека некој паднал помалку а некој друг паднал повеќе во случај каде што имаме неоспорен победник на изборите би рекол дека е малку преизбрзана, а особео што имаше и промена на власт а оние кои што често знаат да гласаат за независни кандидати, се оние свинг воутс кои што често на некој начин знаат често да ја казнат власта на избори и моја претпоставка е дека поголем дел од овие независни гласови на минатите избори гласаа за ВМРО-ДПМНЕ тогаш како опозициска партија, истите тие гласови во 2013 во Центар гласаа за опозициската СДСМ, истите гласови во 2016 гласа за опозициската СДСМ, тие се често многу протестни гласови, оние свинг вот слуѓе кои што не се поврзани со партија но често знат да казнат некого доколку сметаат дека не управува онака како што треба. За да ги привлечеш тие гласови подолготрајно навистина треба да им покажеш дека си ја заслужил нивната доверба. И на локални избори тие често гласаат за независни кандидати, надвор од овие политички партии, смета Божиновски.

Божиновски истакна дека падот е забележлив кај сите партии а заклучок на овие избори е дека владејачката коалиција ја задржа добербата на граѓаните

-Дали е ова така ќе покажат оние следни парламентарни избори, дали владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да ги задржи тие гласови на парламентарните избори или ќе ги разочара и тие ќе одат на некое друго место тоа останува да видиме. Но, генерално падот е забележлив кај сите партии, и очекувано. Некои помалку некои повеќе и она што се наметнува како заклучок на овие избори е дека владејачката коалиција од 2024-та што се формираше успеа да ја задржи довербата на граѓаните, дали во иднина ќе успее да ја задржи ќе видиме, но на овие избори се покажа како доминантна и на некој начин очекувано. Има доминантна позиција ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, истакна Божиновски.

Во продолжение погледнете го целото гостување на Божиновски во „НАТКАСТ“ со новинарот Љупчо Цветановски: