Американката Кели Јанг преку И-Беј ги продала своите чизми на човек што сакал да ја изненади својата сопруга за годишнината од нивниот брак, која во своите нови чизми наишла на уште едно изненадување – скриен вибратор.

Имено, Кели, инаку самохрана мајка која оваа приказна ја раскажа и за британски „Сан“, вели дека сосем заборавила на својата „играчка“ и местото каде ја крие. Така, откако ги продала чизмите, добила порака од новата сопственичка. – Да не си загубила нешто?, пишувало во пораката до фотографија од вибраторот.

– Бев шокирана. Можеби мислат дека тоа намерно сум го сторила, на шега за годишнината. Сигурно нема да барам да ми го вратат по пошта, нагласи Кели.