Добитниците на џекпотот на EuroMillions, Ричард и Деби Нутал се побогати за 72 милиони евра, а за медиумите ги откриваат своите планови за иднината.
Брачниот пар од Британија на почетокот мислел дека добиле три евра на лотарија, но по извлекувањето на 30 јануари, истакнуваат дека се уште се „запрепастени“, а на одмор ја дознале неверојатната вест.
„Ова е надреално. Сонувате да добиете на лотарија, но никогаш не мислите дека ќе успеете“, рекол Ричард.
Тој додава дека си го проверил сандачето и ја видел пораката од лотаријата. Тој ѝ рекол на жената дека освоиле три евра, а таа одговорила: „Одлично, можеме да си купиме сланина“.
Richard and Debbie Nuttall were on holiday when they learned of their winhttps://t.co/I4R4MgWPXi
— Liverpool Echo (@LivEchonews) February 21, 2024
Потоа повторно го проверил „инбоксот“, но овој пат добил неверојатно известување.
„Погледнав и ми пишуваше „го освоивте џекпотот, јавете се на овој број“, објасни Ричард.
Сопружниците откриваат дека не планираат да продолжат со работа, но имаат големи планови за во иднина, пренесува Sky News.
Пред само пет недели решиле да живеат во бунгалов, бидејќи нивните деца пораснале и го напуштиле семејниот дом.
„Сега се шириме. Нашите животи ќе бидат многу различни. Планираме да ја купиме земја и да уживаме во неа. Работевме напорно цел живот и се радуваме на иднината. Оваа добивка ќе ги промени животите на нашите најблиски, а се надеваме и на следните генерации“, рече Британецот.
Richard and Debbie Nuttall were on holiday when they learned of their winhttps://t.co/I4R4MgWPXi
— Liverpool Echo (@LivEchonews) February 21, 2024
Првото нешто што Ричард го купил по освојувањето на џекпотот бил нов сет стапови за голф, бидејќи го сака спортот. Неговата сопруга купила фен за коса.
Тие планираат да ја поддржат работата на добротворната организација „БК Херои“, основана во спомен на нивниот внук Бен Кинг, кој починал од ретка болест на 27-годишна возраст.