Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

За време на викендот и во понеделник, соопштија од УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Најниска температура од минус 1 степен утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе и Берово со нула степени, 1 Битола, Охрид, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Претор, 4 Тетово, Дебар, 6 Демир Капија, Виница, Велес, 7 Дојран, Гевгелија и 9 степени во Штип.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.