Маж и жена од Белград утринава извршиле самоубиство со заеднички скок од недовршена стамбена зграда во белградската населба Борча, објавија српските медиуми.
Како што пишува Блиц, има сомнежи дека брашниот пар В.Н. (54) и Д.Н. (55) со заеднички догвор скокнале од зградата.
Мажот Д.Н. претходно се јавил на близок роднина и го најавил самоубиството.
Од Итната помош изјавија дека веднаш испратиле екипи на местото на настанот, но се што можеле да сторат лекарите било констатирање на смртта на несреќните маж и жена.