Премиерот Зоран Заев денеска во Велес изјави дека ако треба и железни опинци ќе обуе за да обезбеди просечна плата од 500 евра во Македонија, како што ветуваше пред изборите.

Набргу по оваа изјава на социјалните мрежи почнаа духовити коментари, со потсетувања на негови заклетви за „македонската жичка“, колнење во децата дека нема да го смени името на Република Македонија, ветувањата за чист ајро итн.

Досетливите коментатори на социјалните мрежи му најдоа и железни опинци, но и железни јадранки или апостолки, за да не му пропаднат на Заев „железните опинци“ како што му се скина „жичката во која не требаше да му се чепка“.

Инаку сега просечната исплатена месечна нето плата во земјава (последен податок) е 24.548 денари. Тоа е 399 евра.