БРАТ ЗА БРАТ, ФУНКЦИЈАТА ЗА ЏАБЕ: Пратеникот Флорим поднесе оставка, за брат му Фатмир Бесими да стане министер во владата

/ 23.08.2020

Пратеникот Флорим Бесими од ДУИ поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието на Македонија, поради како што вели избегнување на можен судир на интереси.

– Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и волјата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник во Собранието на РМ, со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во Собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободната волја на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули. Оваа моја одлука е по претходна консултација и потполна координација со претседателот Али Ахмети. Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието, стои во соопштението на Флорин Бесими.

Оваа одлука ја донесе по претходно изјаснетиот став на Антикорупциската комисија дека пратеникот Флорин Бесими не смее да го бира својот брат Фатмир Бесими за министер во новата Влада.


Од истата категорија