Македонскиот професор по историја Никола Србов објави паралела за „братската помош“ што стигнувала во Македонија, кога и било јатешко, во периодот од 1897 до 2.000 година.
Објавата на Фејсбук на професорот Србов ја пренесуваме во целост:
„Помошта од ‘поголемиот брат’ за Македонија“
1. Во 1897 година бугарската армија вршела модернизација и требало да се ослободи од старото оружје, преку браќата Иванови на Организацијата ѝ биле понудени 4.043 пушки по поволна цена. Водството на ТМОРО, кое имало во план да премине кон вооружување на своите редови и да го создаде Четничкиот институт, веднаш одвоиле средства за купување на оружјето. Пушките стигнале, но со нив не стигнале и патрони, што значи, ТМОРО за парите што ги дале добиле дрвени прачки со малку метал. По повод оваа „братска помош“ од страна на бугарските власти Гоце Делчев и Ѓорче Петров разговарале со бугарскиот министер за војска, при разговорот министерот на Ѓорче му рекол: „Не сме луди да ви дадеме фишеци, така силата си ја држиме во раце, инаку вие сосема ќе се одвратите од нас“.
По преносот на оружјето на макекдонска територија кај османлиските власти стигнала „дојава“ за каналот по кој се движи оружјето и веднаш следела акција во која 90% од тие пушки биле запленети. Така Организацијата останала и без оружје и без финансии.
2. Во 2000 година бугарската армија е во процес на стандардизација со цел влез во НАТО. Како и сите земји кандидатки така и Бугарија требала да се ослободи од старото оружје и да ја модернизира армијата. Па така, во 2001 година сред војната во Македонија повторно од Бугарија пристигнува „братска помош“ која се состои од тенкови од кои бугарската армија требала да се ослободи.
Специјалниот претставник од Македонија за „пеглање“ на македонскиот идентитет во Софија беше осуден за малверзации со деловите од тенковите.