Бразилското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН по денешните напади на Хамас врз Израел.

Бразил, кој овој месец го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, ги осуди нападите и изрази солидарност со народот на Израел.

Соопштението на Министерството ја потврди посветеноста на „решение со две држави“ – Палестина и Израел, кои коегзистираат во меѓусебно договорени и меѓународно признати граници.