Глејдсон Каетано, млад турист од Бразил, прошета низ центарот на Загреб и стана сензација.
Имено, додека граѓаните поради ниските температури околу него одеа во капути и јакни, Глејдсон одеше низ главниот градски плоштад и пазарот Долац во маица без ракави и шорц.
Судејќи по широката насмевка, која не ја тргна од лицето, се чини дека студот и снегот не му пречат воопшто.