Американскиот научник Дјук Адријан Бежан тврди дека поради тоа што мозокот на возрасните луѓе побрзо работи ним им изгледа дека времето тече сѐ побргу.

Во младоста, мозокот ја восприема информацијата побрзо, така што се создава впечаток дека времето минува бавно, а подоцна мозокот не „се усогласува“ со физичкото време и се добива впечаток дека времето брзо минува.

Според Бежан, на восприемањето на времето влијаат и фактори како што се траењето на сонот, но и пладневната дремка. Поради тоа, меѓу другото, субјективната перцепција на времето не се совпаѓа со физичката, оти повозрасните луѓе побавно ги процесираат функциите во мозокот.

Исто така, со тек на годините, нервните врски во мозокот сѐ повеќе слабеат, па когнитивните процеси забавуваат, па наизглед како „светот да е побрз”.