Популарноста на бразилскиот претседател Жaир Болсонар ја достигна најниската точка за време на неговиот мандат, покажува најновата анкета на „Датафолха“.
Според податоците на агенцијата за истражување на јавното мислење, 53 отсто од испитаниците не го поддржуваат актуелниот претседател.
Британските меидуми наведуваат дека овие податоци покажуваат зголемување на недовербата во споредба со последното истражување, кое беше спроведено во јули, кога 51 отсто од испитаниците немаа добро мислење за неговото претседателствување.
Податоците добиени од „Датафолха“ покажуваат дека 22 проценти од испитаниците сметаат дека Болсонаро е добар или одличен, што е помалку од 24-те проценти од испитаниците кои беа на такво мислење во претходното истражување.
Болсонаро доживеа пад на популарноста поради управувањето со епидемијата на коронавирусот, во која Бразил е на второ место по смртност, зголемената инфлација и високата невработеност.
„Датафолха“ го спроведе истражувањето од 13 до 15 септември на примерок од 3.667 лица низ Бразил.