Големиот холивудски заводник, актерот Бредли Купер и манекенката Џиџи Хадид конечно ја потврдија својата врска.

Атрактивниот пар е фотографиран на прошетка низ Лондон фатени за раце.

По неколкумесечни гласини дека се во врска, конечно решија да престанат да се кријат. Гласините за нивната врска се појавија во октомври минатата година, откако неколку пати беа видени заедно.

Двојката долго време се обидуваше да ја сокрие врската, а одреден период тајно беа во куќа на Род Ајленд, која е во сопственост на нивната пријателка, пејачката Тејлор Свифт.