Малата северноирска Демократска унионистичка партија (ДУП), која ја поддржува малцинската Влада во Лондон, со сигурност ќе гласа против договорот за Брегзит на британската премиерка Тереза Меј, изјави нејзинот пратеник Џим Шанон.
– Се чувствуваме страшно предадени, истакна тој во интервју за Би-Би-Си Радио Улстер.
Раководството на ДУП засега не коментира како ќе гласа.
Портпарол на Лабуристичката партија договорот го нарече „ужасен неуспех на преговорите“. На овој начин тој сигнализира дека премиерката тешко дека ќе може да смета на главната опозициска сила, за да ги компензира гласовите „против“ во сопствената Конзервативна партија, коментираат светските агенции.