Работевме како да одиме на СП и ете, отидовме. Мислам дека со овој состав, којшто е во фаза на формирање, дека сме доволно рамноправни за да се носиме со сите репрезентации во светот, така и со Шведска, Египет и со Чиле. За нас е награда што сме на ова Светско првенство, но не е награда само да учествуваме, секако дека дојдовме за да влеземе во вториот круг, па понатаму секој нареден натпревар би ни бил добредојдена школа. На оваа генерација ѝ претстои светла иднина, изјави денеска селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац пред вечерниот натпревар со Шведскана СП во Египет во кој Швеѓаните се фаворити.
Натпреварот се игра од 20.30 часот.