Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека напаѓачот на каталонскиот тим, Лионел Меси, може да го пропушти финалето на Суперкупот на Шпанија, поради повреда.

– Треба да почекаме неколку дена за да видиме дали Лео ќе може да игра во финалето, истакна Куман.

Триесет и тригодишниот Аргентинец го пропушти полуфиналето во Суперкупот на Шпанија против Реал Сосиедад (1:1, 3:2 на пенали).

Во финалето, Барселона ќе се соочи со победникот од двојката Реал – Атлетик (вечер, 21 часот).

Финалето на Суперкупот на Шпанија ќе се игра на 17 јануари.