Тренерот на Металург, Данило Брестовац смета дека победа на неговите избраници над Чеховски Медведи е апсолутно заслужена.
Металурзи вчеравечер беа поуспешни од рускиот тим со 25:24 за прва победа оваа сезона во Лигата на шампионите.
– Имаме поголем ростер и повеќе ротација. Не најдовме решение за нивната 5-1 одбрана. Немавме многу време за да се подготвиме за сето тоа што Чеховски Медведи може да го понуди. Направивме максимум за да се подготвиме. Додека играа 6-0 делувавме добро, но на тоа и повеќе работевме. Благодарение на Даниловски и добрата одбрана заслужено имавме 16:10 на полувреме. Во вториот дел промашивме две зицери и два пенали. Сега е лесно да зборуваме, но доколку ги реализиравме сигурно многу порано ќе го решевме овој дуел. Сепак, во ниту еден момент не помислив дека можеме да загубиме, изјави Брестовац.
Шанса за втор триумф македонскиот ракометен вицепрвак ќе има веќе в четврток кога во Скопје гостува Спортинг Лисабон.