кошаркарите на Торонто на гостувањето кај Лејкерс одиграа извонредна прва четвртина во која постигнаа 42 поена наспроти примените 17.

Разликата од 25 поени по само 12 минути игра се покажа доволна Репторс да ја запишат деветтата победа од почетокот на сезоната.

Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќеска:

Бруклин – Филаделфија 122:97
Вашингтон – Њујорк 108:95
Сан Антонио – Орландо 110:117
Феникс – Мемфис 102:100
Портланд – Минесота 111:81
ЛА Лејкерс – Торонто 107:121.

Шампионот Голден Стејт и Торонто Репторс со биланс 9-1 (победи-порази) се најуспешните екипи во досегашниот тек од сезоната.