Атомиум – една од највпечатливите белгиски и европски знаменитости, која се наоѓа во Брисел, повторно е отворена за посетителите.
Под строги правила наложени заради запирање на корона-епидемијата, најмногу 150 луѓе можат да влезат одеднаш во тоа здание. Имено, пред влегувањето, секако – со заштитна опрема, на посетителот му се мери температура. Влезниците се набавуваат само преку интернет.
Атомиумот, една од најпознатите туристички атракции во Брисел е изграден 1958 година. Во нормални услови, годишно привлекува неколку стотици илјади посетители.