Белгија ќе биде дел од земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации од денеска и во следните две години, јави МИА од Брисел.

На постојаните земји членки на СБ на ОН (САД, Русија, Франција, Кина, Франција и Обединетото Кралство), секои две години им се придружуваат неколку земји. Покрај Белгија времен мандат и право на вето од денеска добиваат и Германија, Јужна Африка, Доминиканската република и Индонезија.

Советот за безбедност на ОН функционира со ротирачко претседателство кое и дава право на земјата да отвора дебати врз основа на еден од нејзините приоритети или врз основа на резолуција. Белгија ова претседателство ќе го преземе од февруари 2020.

Приоритетите на белгиската дипломатија ќе бидат превенција на конфликти, заштита на цивилите во воените конфликти и борба против неказнивоста, соопшти белгиското МНР.