Европската унија нема да го преразгледа договорот за брегзит вклучувајќи ја и ирската заштитна клаузула. Тоа го изјави денеска главниот преговарач од ЕУ, Мишел Барние.
По средба со холандскиот премиер Марк Руте, Барние напиша на Твитер: „Целосно се согласувам дека договорот за напуштање не може да се предоговара. Заштитната клаузула е само работно решение за справување со ирскиот граничен проблем. ЕУ е подготвена да работи на алтернативни решенија за време на преодниот период“.
Северноирскиот политичар Дејвид Тримбл кој доби Нобелова награда во 1998 година, објави дека планира да почне процес против британската влада заради ирскиот заштитен механизам во договорот на Тереза Меј и ЕУ.