Опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека владата на претседателот Николас Мадуро се обидува да префрли 1,2 милијарди долари од Државната банка за развој „Бандес“ во финансиска институција во Уругвај.

Во тв-обраќање Гуаидо ја повика уругвајската влада да не дозволува извршување на таква финансиска операција која тој ја нарече „кражба на државни средства“.

Тој додаде дека нема да учествува во меѓународна конференција за Венецуела што ќе се одржи на 7 февруари во главниот град на Уругвај.

– Нема да учествуваме во меѓународна конференција во Уругвај бидејќи не сакаме да учествуваме во лажни преговори, изјави Гуаидо.