Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос заедно со Теодор Мелескану, министерот за надворешни работи на Романија, земјата претседавач на ЕУ, организираат појадок на пријателите на Северна Македонија на 18 февруари во Брисел, а на кој ќе учествува и Никола Димитров, брифираат грчки дипломатски извори за МИА, јави од Атина.
Поканите до шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ се од министрите за надворешни работи на Грција и Романија, кои се и организатори.
Појадокот ќе се одржи в понеделник на 18 март, пред Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.